Фудбал
ВИДЕО: Елмас не доби минути, Наполи остана без ЛШ, патуваат Милан и Јувентус
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби минути на денешниот клучен натпревар за Наполни, после кој согласно резултатот не патува во Лига на шампиони, па токму таму билет купија Милан и Јувентус.
Повторно само Џенаро Гатузо знае зошто Елмас не доби шанса барем во второто полувреме и остана на клупата за резерви на целиот меч.
РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А (38. КОЛО)
Аталанта – Милан 0-2
Болоња – Јувентус 1-4
Наполи – Верона 1-1
Сасуоло – Лацио 2-0
Специја – Рома 2-2
Торино – Беневенто 1-1