Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ерера представен во ПСЖ

Шпанскиот фудбалски интернационалец Андер Ерера по пет години поминати во Манчестер јунајтед стави крај на приказната на „Олд Трафорд“ и се пресели во ПСЖ како слободен играч на трансфер пазарот откако му истече договорот со тимот од Англија.

29 годишниот фудбалер стави потпис на петгодишен договор со тимот од Париз кој официјално денес го промовираше како нов играч на ПСЖ.

„ПСЖ е најголемиот клуб во Франција, тој продолжува со својот развој, работи на тоа да ја освои секоја можна титула, навистина сакав да одам во Париз и да ги облечам тие бои на мене, клубот има убава приказна зад себе и би сакал јас да испишам нови страници во истата“ изјави Ерера на официјалната промоција во новиот клуб.



Извор: Дриблинг