Фудбал
ВИДЕО: Ериксен потпиша за англиски клуб, а Премиер лигата му посака добредојде-Дали сте подготвени за нови магични моменти!
Кристијан Ериксен се врати на фудбалот. Откако за време на ЕП, во дресот на Данска, колабираше на теренот и поради проблеми со срцето му беше вграден дефибрилатор, тој мораше да замине од Италија и Интер, бидејќи таму правилата велат дека не може да игра со таква направа, а докторите му препорачаа да не ја симнува.
Па, така откако тренираше со Ајакс, стигна понуда од англискиот тим Брентфорд. Секако со Интер ја раскинаа соработката, па тој како слободен играч се сели во овој тим, бидејќи во Англија нема такви правила како во Италија.
Премиер лигата му посака добредојде. На социјалните мрежи објави видео со прекрасен негов гол во дресот на Тотенхем и порача: Подгответе се за уште вакви магични моменти!.
Welcome back to the #PL, @ChrisEriksen8! ?
Ready for more moments of magic, @BrentfordFC? pic.twitter.com/thmYh5oM6e
— Premier League (@premierleague) January 31, 2022