Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Еврогол на Алиоски, но и фантастична статистика

Лидс го совлада ВБА на гостински терен со убедливи 5:0, а стрелец на еден од петте голови беше нашиот Езџан Алиоски. Македонскиот репрезентативец постигна прекрасен гол, но она што уште повеќе радува е неговата статистика која постојано се подобрува.

Алиоски на последниот меч имаше 87 отсто точни додавања. Вкупно 82 проигрувања на своите соиграчи и 105 контакти со топката.

Алиоски доби и девет дуели со противничките фудбалери.