Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фантастична вечер за Елиф Елмас, со два гола го однесе Наполи во нокаут фазата од Лига Европа

Фантастична вечер имаше Елиф Елмас кој сигурно е играч на мечот Наполи- Лестер (3:2) кој со два гола го однесе Наполи во нокаут фазата од Лига Европа. Македонскиот репрезентативец најнапред погоди во 24-та минута, а потоа во 53-та за 3:2 што се покажа како конечен резултат.

Првиот гол за Наполи го постигна Унас, а стрелци за Лестер беа Еванс и Хол.

Наполи како втор  во групата зад Спартак Москва ќе ги продолжи натпреварите во Лига Европа и на пролет. Спартак Москва со победа од 1:0 кај Легија го освои првото место, само поради подобриот скор во дуелите со Наполи, иако двата тима имаат по 10 бодови.