Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: ФИФА го опомена Вида поради „Слава на Украина“

Светската фудбалска федерација ФИФА упати остро предупредување до хрватскиот репрезентативец Домагој Вида за неспортско однесување по синоќешната победа на Хрватска над Русија.

Имено, по натпреварот на социјалните мрежи се појави видео во кое Вида извика „Слава на Украина“. Огњан Вукојевиќ, кој ја посвети победата на Украина, исто така беше обвинет за неспортско однесување.

Вида играше за украинскиот гигант Динамо Киев во периодот 2013-18, а Вукојевиќ беше играч на Динамо од 2008 до 2015 година, а сега работи како скаут.

Изјавите на двајцата беа толкувани како политички поради несогласувањата меѓу Русија и Украина, а ФИФА традиционално не толерира такви настани.

– Испративме предупредување до Домагој Вида поради видеото, потврдија од прес-службата на ФИФА.

Хрватска ја победи Русија по изведувањето на пенали и се пласираше во полуфиналето на Мундијалот 2018.

– Нема политички ноти во пораката. Тоа е шега, насочена кон моите пријатели од Динамо Киев. Ја сакам Русија, ја сакам и Украина, изјави Вида за „Спорт експрес“

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com