Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фиорентина за 10 дена два пати ја совлада Аталанта, Гасперини „полуде“ па доби црвен картон (ВИДЕО)

Фиорентина ја продлабочи резултатската криза. За 10 дена два пати славеа против Аталанта, која до пред извесно време беше во самиот врв од Серија А. Откако пред десет дена Фиорентина славеше како гостин со 3:2 во четвртфиналето во Купот, сега во Серија А како домаќин славеше со минимални 1:0, но доволно за три бода. Стрелец на единствениот гол беше Пјонтек во 56-та минута. Поради бурните реакции од клупата, откако беше поништен гол на Аталанта проади офсајд, а по прегледана ВАР снимка, Гасперини тренерот на Аталанта во 65-та минута заработи црвен картон. Сепак, сомнителна беше ситуацијата Малиновски не беше во офсајд, туку негов соиграч, кој не застанал туку ја испрати акцијата до крај, па попречи фудбалер на Фиорентина да интервенира кај Малиновски.

Standings provided by SofaScore LiveScore