Фудбал
ВИДЕО: Франција ја освои Лигата на нации, но голот на Мбапе предизвика бура на реакции
Франција преку пресврт славеше против Шпанија во финалето на Лигата на нации со 2:1 и го освои пехарот. Шпанците поведоа во 64-та миниута преку Ојарзабал, но Франција најнапред преку Бензема израмни, а потоа и поведе преку Мбапе. Токму голот на Мбапе предизвика бура на реакции.
Многумина мислеа дека голот ќе биде поништен, но на изненадување на сите и по ВАР судијата покажа на белата точка. Бускетс, фудбалер на Шпанија, по мечот откри дека судијата наводно му рекол дека голот не е поништен поради тоа што во таа акција, во обид да стигне до неа Ерик Гарсија ја допрел пред да стигне до Мбапе, па поради тоа не го поништил голот.
Како и да е, реакциите не стивнуваат, Франција го слави пехарот. Во битката за третото место исто така со 2:1 Италија ја совлада Белгија.