Фудбал
ВИДЕО: Фудбалер на Барселона славеше поништен гол, Чави веднаш го извади од игра, ова е причината…
На Барселона за прв пат по 20 години и се заканува неуспех во групната фаза од Лигата на шампионите.
Каталонците во петтото коло ја пречекаа Бенфика и им требаше победа за да се пласираат во нокаут фазата, но изостана посакуваниот резултат.
Фудбалерите на Барселона во самиот финиш на натпреварот како да стигнаа до она што очајно го посакуваа, но славјето кратко траеше.
Араухо погоди во 85. минута, почна да слави, но штом ја сврте главата остана разочаран бидејќи голот беше поништен поради офсајд.
Gol ANULADO al Barça por fuera de juego. Araujo se llevó las manos a la cabeza, pero lo ratificó el VAR.
Con el 0-0 tendría que ganar en Múnich o, de igualar o perder allí, esperar la derrota del Benfica con el Dinamo. pic.twitter.com/GL01oPYZeK
— Manu Heredia (@ManuHeredia21) November 23, 2021
Во таа прилика дефанзивецот го принуди Чави веднаш да го замени бидејќи верувале или не се повреди при прославата.
Стоперот се лизна кон корнер знаменцето, но тоа беше кобно за него, па наместо да се радува, само му донесе нова главоболка на Чави.
Барселона во последното коло гостува кај Баерн и ќе мора да извојува победа. Може да стигне до нокаут фазата во случај на пораз, но ако Бенфика не го победи Динамо Киев на домашен терен.