Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фудбалер на Фиорентина објасни како открил дека има КОВИД-19

Фудбалерот на Фиорентина Душан Влаховиќ е во самоизолација бидејќи има коронавирус. Тој се јави на социјалните мрежи и откри како дознал дека има КОВИД-19.

-Спиев дом, а потоа одеднаш се разбудив. Имав висока температура. Беше над 37. Потоа испив некои лекови и се јавив на лекарите од тимот. Сепак, треската стануваше се поголема. Температурата порасна на 39. Поради тоа веднаш заминав во болница. Не мислев дека ситуацијата е толку лоша. Меѓутоа сега се одморам и добро се чувствувам. Пред мене се две недели на одмарање, додека сето ова не заврши. Во изолација сум, далеку од сите. Не сум се видел со ниту еден од соиграчите, но верувам дека сите се добро, порача Влаховиќ.