Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фудбалер на Лацио се изглупира по победата над Интер со 3:1, го јавна Кореа, доби црвен картон, па потоа плачеше

Фудбалерот на Лацио Луис Фелипе воопшто не беше „невин“ по синоќешниот меч со Интер и победата од 3:1. Имено, тој по крајот на мечот се обиде да се пошегува со неговиот поранешен соиграч Кореа, кој сега го носи дресот на Интер, но тоа не му се допадна ниту на него, ниту на останатите фудбалери на противничкиот тим, а најмалку на судијата кој одлучи да му покаже црвен картон. По ова Луис Фелипе плачеше.