Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фудбалерите за малку ќе загинаа славејќи ја титулата

Екипата на Белграна избори пласман во аргентинската прва лига, а славјето продолжи по викендот до денеска.

Прославата на промоцијата во аргентинската прва лига за тимот на Белграно, кој успеа да се врати во најсилниот ранг во оваа земја, за малку ќе имаше трагичен крај.

Нивната прослава се најде на насловните страници низ светот, а причината е што фудбалерите за влакно избегнаа трагедија.

Имено, фудбалерите биле во отворен автобус, и поминале под разни мостови, но бидејќи не била измерена висината, за малку се’ завршило трагично.

Така дошле до мост кој во тој момент им бил многу низок, а биле на неколку сантиметри од голема трагедија.

За среќа некако успеале да се сокријат, па трагедијата била избегната, а автобусот сепак немало поголема штета.

Сепак, сеќавањето на се што се случи остана, а ова е ситуација која сигурно никогаш повеќе нема да се повтори во светот на спортот.

Белграно заврши на првото место по 34 одиграни натпревари со 73 бода, осум повеќе од првиот вицешампион.

На овој начин ја освоија титулата и автоматска промоција на највисокото ниво на натпреварувањето во Аргентина, но успејаа главна тема да ја направат својата прослава, а не успехот што го постигнаа.

Прашање е каква прослава би била ако ја освојат титулата во најсилната категорија, кога вака се славеше за враќањето.