ВИДЕО: Фудбалерот на Андора се направи мангуп, Мбапе го „уби“ со поглед

Франција ја совлада Андора со 4:0, а стрелец на водечкиот гол за „Триколорите“ беше Килијан Мбапе.

Младиот офанзивец го постигна 100. гол во својата професионална кариера, сметајќи ги клупските и репрезентативните натпревари. За тој успех му беа потребни 180 натпревари.

После натпреварот Мбапе се најде во искушение, но додека даваше изјава за „L’Equipe“ успеа да се воздржи.

Имено, додека Мбапе даваше изјава, Кристиан Мартинец Алејо проаѓаше позади него и „мангупски“ му ја тргна капата од главата.

Звездата на ПСЖ најмалку пет секунди гледа со „убиствен“ поглед кон репрезентативецот на Андора, а поголем инцидент спречи Гризман кој се појави во прав момент…

Спорниот момент можете да го погледнете на 1:05 од видеото.