Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Фудбалерот на Јувентус при изјава го удри прстот на ногата, а неговата реакција ги насмеа сите

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ремизираше против Велс на пријателски натпревар во четвртокот.

САД и Велс одиграа натпревар без голови каде не видовме многу возбуда. По завршувањето на натпреварот, фокусот беше насочен кон младиот играч на Јувентус, Вестон Мекени, поради смешната сцена.

Имено, Мекени им даде изјава на присутните новинари по натпреварот, а потоа незгодно го удри неговиот прст, но некако успеа да не пцуе гласно иако беше јасно дека е навистина болно.

Реакцијата на играчите на Јувентус стана хит на социјалните мрежи, а секој што некогаш го удрил прстот на ногата знае низ кој „пекол“ помина МекКени.

loading...

Facebook