Фудбал
ВИДЕО: Фудбалски храм, поради коронавирус се претвора во импровизирана болница
Пандемијата на коронавирусот не го заобиколи ниту Бразил. Поради тоа градските власти на Сао Пауло одлучија легендарниот фудбалски стадион „Пакаембу“ во Сао Пауло да го претворат во импровизирана болница со цел да се помогне во борбата против Ковид-19.
Градежните активности почнаа во саботата навеќер, а планирано е за 10 дена да бидат поставени повеќе од 200 кревети, односно легла.
„Пакаембу“ е изграен во 1950-та година за потребите на СП и има капацитет од 45 илјади седишта.