Фудбал
(ВИДЕО) Галтие: Не разбирам зошто Меси и Нејмар беа исмејувани
Новиот тренер на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, призна дека е импресиониран од Лионел Меси и Нејмар и не разбира зошто до неодамна биле навредувани дури и од сопствените навивачи. Во неделата вечерта, поранешните соиграчи во Барселона помогнаа да се обезбеди триумф од 4-0 над Нант во натпреварот од Суперкупот на Франција
„Минатата сезона и двајцата беа исмејувани, а јас тоа не го прифаќам. Но, ова се фудбалери кои летово досега не пропуштиле ниту еден тренинг. Ги гледав многу одамна, сега ги гледам секојдневно и разговарам за нештата со нив“, изјави Галтиер за Amazon.
Специјалистот е задоволен и од настапот против Нант: „Бевме организирани и во напад и во одбрана, што е многу важно за мене. Сепак, треба уште да работиме на позиционирањето на теренот во новата шема (со тројца централни дефанзивци – б.р.) за да не дозволиме тимот да се подели на два дела“.
😂 @neymarjr distribue les bons points et les médailles aux joueurs du @PSG_inside ! #PSGFCN #TDC2022 pic.twitter.com/EBA1ayfqAl
— Prime Video Sport France (@PVSportFR) July 31, 2022