Фудбал
ВИДЕО: Гатузо полека го буди Наполи, Елмас доби само неколку минути
Екипата на Наполи славеше со 2:1 на домашен терен против Торино. По 19 минути игра домаќинот го отвори резултатот преку дефанзивецот Манолас. Стрелец на вториот гол беше повторно дефанзивец, овој пат Ди Лоренцо во 82.минута.
Торино почесен погодок постигна преку Едера во судиското продолжение од мечот. Ова е петти меч во низа без пораз на Наполи, па се чини дека конечно тренерот Гатузо го „буди“ тимот. Забележаа победи против Интер во купот, Бреша, Каљари и сега Торино во Серие А, а одиграа реми 1:1 против Барселона во ЛШ.
Инаку, македонскиот репрезентативец одигра само неколку минути, откако во игра влезе во 84-та минута на местото на Матео Политано.
Standings provided by Sofascore LiveScore