Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Георгина Родригез и Кристијано Роналдо го открија полот на нивните близнаци

Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез очекуваат две нови деца, а сега е откриен и полот на близнаците.

Во она што беше семејна игра во која беа вклучени сите четири други деца на Роналдо, беше откриен полот на претстојните новороденчиња.

На децата им беше доверена задачата да пукаат балони во кои имало конфети или сини или розови.

Сините конфети претставувале момче, а розевото девојче, а поради мешавината на бои брзо станало видливо дека ќе има по едно дете од секој пол.

Роналдо го постави видеото на својата страница на Инстаграм, овековечувајќи го моментот.

„Таму каде што животот започнува, а љубовта никогаш не завршува“, напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)