Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Гледачите се вратија и веднаш се посрамотија

Срамна сцена се случи непосредно пред почетокот на натпреварот Милвол – Дерби Каунти.

Навивачите на Милвол по неколку месеци се вратија на стадионот и веднаш го посрамотија својот клуб.

Имено, додека играчите на теренот клекнаа во знак на поддршка за кампањата „Blac Lives Matter“, од трибините се слушаа свирежи и протести.

На трибините на стадионот во јужен Лондон има околу 2.000 гледачи и очигледно многумина се против оваа кампања.

По убиството на Американецот Џорџ Флојд, сите играчи во Премиер лигата и пониските натпреварувања од почит кон таа кампања клекнуваат на едно колено пред почетокот на натпреварот.