Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Го исмеваа Роналдо поради слободниот удар, но неколку минути подоцна им ги затвори устите на критичарите

Кристијано Роналдо стигна до нов неверојатен потфат во кариерата во победата на Манчестер Јунајтед над Виљареал (0:2).

Роналдо беше доста скромен во првото полувреме, имаше шанса од слободен удар, но не се прослави.

Од одлична позиција шутираше директно во живиот ѕид. Тоа беше негов 34-ти последователен шут од слободен удар во Лигата на шампионите, поради што многумина го исмеваа на социјалните мрежи.

Одговорот за критичарите дојде во вториот дел кога во 78. минута погоди за водство на “црвените ѓаволи“ со убав удар од работ на шеснаесетникот.

Ова беше 800-ти гол за Роналдо во кариерата, сметајќи ги клупските и репрезентативните натпревари, а со оглед на тоа дека играта нема дилема дека ќе го подобри својот учинок.

Во дресот на Реал постигна 451 гол, за Манчестер Јунајтед 129, за Јувентус 101, а за Спортинг пет. Во дресот на Португалија 115 пати ја тресеше противничката мрежа.

Реклама

Facebook

Реклама