Други спортови
ВИДЕО: Го прашаа Ѓоковиќ, дали кога оди во тоалет се среќаваш со Свети Сава?
Тениските фанови добро го познаваат новинарот Убалдо Сканагата, кој речиси и да нема прес конференција на која нема да постави интересно прашање кое подоцна ќе го обиколи целиот свет.
„Новак, честитки за твојот неверојатен успех, немам зборови, само ќе кажам 84 турнири, 19 Грен слем трофеи, 35 победи во пет сета, се чини дека ништо и никој не може да ти застане на патот. Сакам да знам што се случува кога ќе одиш во тоалет. Затоа што замина таму и се врати при резултат 0-2 против Мусети и се појави нов играч. Ист беше случајот и против Беретини и против Надал. Денес Циципас изјави дека Ѓоковиќ бил различен играч кога се вратил на теренот по паузата… Дали се среќаваш со Свети Сава, големиот светец и заштитник на Србија или што е работата?“.
На тоа новиот шампион на турнирот во Париз одговори:
„Така е, моите ангели чувари се таму. Имам свое специјално катче, тоа е тајна, не можам да ја откријам таа тајна, се додека таа работи прилично добро во моја корист“.