Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Го промени фудбалот засекогаш, а денеска едвај преживува

Веројатно сите се слушнале за него, но малкумина од вас знаат за неговата фудбалска кариера. Да, точно е дека немал некаква забележителна кариера како фудбалер, но тој имал такво влијание во фудбалот, што го променил засекогаш.

Станува збор за, сега 56 годишниот, Жан Марк Босман. Токму по него се вика правилото „Босман“, кое им донесе слобода во изборот на фудбалерите. Се до 2001 година, ниту еден фудбалер не смеел да преговара со друг клуб, односно ја немал слободата ниту по истекот на договорот, односно не можеле да заминат без обештетување.

Најголемата победа во кариерата ја забележал на денешен ден пред 25 години, односно на 15-ти септември 1995-та. На Европскиот суд на правдата го доби случајот против РФЦ Лијеж, кој во 1990-та година не го пушти во Франција иако нивната соработка заврши. Тој сакал да премине во Данкирк, но Лиеж барал 500 илјади фунти и не сакал да слушне за помала сума. Секако, Данкирк не сакаше да ја плати сумата, Лиеж за 75 отсто му ја намали платата на Босман, а тој одлучи да ги тужи.

Случајот го доби на суд, па од тогаш фудбалерите ја добија својата слобода. Сепак, главната победа е во 2001 година кога го промени правилото за трансферите. Од тогаш секој фудбалер шест месеци пред истекот на договорот може да преговара со друг тим и без обештетување по истекот на тие шест месеци да замине, секако доколку ги договори неговите финансиски услови.

Иако направил историска промена во фудбалот, сепак денеска живее сиромашно. Како што вели, му помагаат пријателите и ФИФпро, Синдикат на професинални фудбалери, со донации.

Паднал во депресија, санал алкохоличар, но и едно време беше во затвор поради физички напад на својата поранешна девојка и нејзината ќерка.

Марадона ќе се памети по „Божјата рака“,  додека него ќе го паметат по „Босман правилото“.