Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Го сакаше дресот на Чалханоглу, но наместо тоа доби шлаканица

Милан во неделата конечна успеа да забележи победа и тоа на гостувањето кај Сасуоло.

Росониерите славеа убедлива победа со резултат 4:1 благодарение на головите на Кеси, Кастиљехо и Сусо кој мрежата на Сасуоло ја затресе два пати.

Одлично игра покажа и Хакан Чалханоглу, а откако судија означи крај на натпреварот, турскиот фудбалер тргна кон трибината за својот дрес да го поклони на навивачите.

Чалханоглу го фрли дресот према еден „покрупен“ навивач кој и го фати дресот, но во исто време дресот го фатил уште еден навивач кој помисли дека неговиот „колега“ ќе му го препушти истиот. Наместо дресот, доби шамар, и тоа каков…

https://twitter.com/Soccer70960452/status/1046613455296499712