Фудбал
ВИДЕО: Голем кикс на Реал Мадрид
Во последниот меч од 2020 Реал Мадрид одигра само 1:1 против Елче. Необичен гол во 20-та минута постигна Лука Модриќ. Необичен е затоа што Хрватот е висок 172 сантиметри, а постигна гол со глава.
Во текот на годината имаше бројни ВАР контроверзни одлуки, некогаш против Реал Мадрид, но сега се случи спротивното. Реал мислеше дека во 36-та минута доби пенал, но по прегледувањето на снимката, судиите ја поништија одлуката.
Во 50-тата минута Фидел израмни на 1:1. Веднаш потоа гостите имаа шанса за водство, но Боје ја погоди стативата. Потоа Реал имаше шанси преку Карвахал и Бензема, но сепак остана 1:1.