Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Голманот на Елче го побара дресот од Меси, а потоа се изненади од барањето на капитенот на Барселона

Барселона го победи Елче со 3:0 во заостанатиот натпревар од првото коло во шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб успеа да стигне до три бода на крилјата на Лионел Меси, кој постигна два гола во второто полувреме.

Меси повторно го предводеше својот тим до победата и со своите магии заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот.

Поразот на Елче ќе беше уште поубедлив да не беше на голот Едгар Бади, кој имаше неколку фантастични одбрани. Шпанецот по мечот му пријде на Меси да му го побара дресот.

Меси му го подари дресот на голманот Елче, а потоа го изненади кога го побара дресот од Бади, што воопшто не го очекуваше.