Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Голманот на Сан Жозе постигна бизарен автогол, но ова не е прв пат да направи катастрофална грешка

Во американската МЛС лига синоќа беа одиграни два натпревари.

Двата натпревари завршија со резултат 2:2, но публиката на натпреварот Сан Жозе и ФК Далас виде комичен авто гол со кој гостите дојдоа во водство.

Имено, еден од домашните играчи ја врати топката кон својот голман Даниел Вега, а тој се обиде да ја запре топката, меѓутоа наместо тоа топката му помина низ нозе и влезе во голот.

Ова не е прв пат оваа сезона Вега да направи ваква катастрофална грешка. Тој неодамна во дуелот против Лос Анџелес ја промаши целата топка и му овозможи на Карлос Вела да постигне гол за водство на гостите од 0:1 во осмата минута од натпреварот.