Фудбал
ВИДЕО: Готово е нема веќе непоразени, Јувентус го „сруши“ Милан
Фантастичната серија на Милан од 27 меча во Серие А без пораз е прекината. Од вечерва нема повеќе непоразени екипи, ниту во Италија, ниту во петте најсилни лиги во Европа, бидејќи Милан беше единствената екипа која не знаеше за пораз.
Јувентус е екипата која стави крај на успешната серија. Вечерва во Милано славеше со 3:1. Први поведоа гостите со голот на Киеза во 18-та минута, но Калабрија со прекрасен гол израмни во 41-та. Сепак, во вториот дел, поточно во 62-та минута Киеза стрела за ново водство, а точка на мечот стави МекКени во 75-тата.
Милан и покрај поразот остана лидер со 37 бодови, еден повеќе од Интер. Трета е Рома со 33 бодови, а Јувентус е четврти со 30.
Standings provided by SofaScore LiveScore