Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Гвардиола полуде на клупата, скокаше, ја соблече јакната, а судијата ладнокрвно си џвакаше мастика и му порача да се смири

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа 2:2 во дербито на колото.

При резултат 1: 1 Силва беше во одлична ситуација кога го фаулираше Милнер. Гвардиола сметаше дека играчот на „црвените“ мора да добие втор жолт картон и исклучување.

После тоа, менаџерот на Граѓаните полуде на клупата. Тој викаше по судиите, мавташе со рацете и во еден момент ја соблече јакната.

Судијата Дин, пак, ладнокрвно му порача да се смири и продолжи да џвака гума за џвакање како ништо да не се случило.

Навистина, комична сцена која ќе стане вирална во наредните денови. Овде можете да видите што се случи.

Инаку, Дин е познат како најчудниот судија на денешницата. Многу често е во центарот на вниманието поради неговите потези за време на играта.

Така, во 2015 година, тој гестикулираше со рацете како да слави гол на натпреварот Тотенхем – Астон Вила. Пред две години на натпреварот Вест Хем и Арсенал, камерата го фати како ја пее химната на Вест Хем.

Бонус видео од судијата Мајк Дин како голем фудбалски фан.