Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хаос на мечот ПАОК-Арис, имало и повредени

ПАОК го пречека Арис во 11. коло од грчката Суперлига, но овој натпревар не е завршен.

Гостите поведоа преку Манчини во 41. минута, а на семафорот 0:1 се до прекинот.

Имено, во судиското продолжение, поради нереди на навивачите и судијата ги повлече играчите во соблекувалните и го прекина мечот.

Најпрво од трибините на теренот беа фрлени факели, а потоа домашните навивачи во инвазијата истрчаа на теренот, додека играчите трчаа кон соблекувалните.

Фудбалерите на ПАОК неколку минути стоеја на страна и ги следеа настаните, но судијата им нареди да се повлечат во соблекувалната.

Трибините “ се речиси празни, а четвртиот судија Димитрис Дијамантопулос ја проверува ситуацијата на теренот и натпреварот најверојатно ќе продолжи, но само и исклучиво доколку се обезбеди максимална безбедност за играчите и официјалните лица.

Грчките медиуми јавуваат дека во овие немири е повредено едно лице.