Фудбал
ВИДЕО: Хаос во Милано по крајот на мечот, Ибра го „давеше“ Лукас Леива, Сари збесна, па доби црвен картон
Милан полесно од очекувањата славеше против безидејниот Лацио во Милано со 2:0. По неколку месеци пауза поради повреда на теренот се врати Ибрахимовиќ, кој веднаш постигна гол, оној вториот за потврда на победата.
Но, освен поради голот, Ибра беше во фокусот и поради труга, неспортска работа. Во самиот финиш на мечот покрај аут линијата го „давеше“ Лукас Леива. Имаа и блиска средба.
Ibrahimovic vs Lucas Leiva, Sarri red card ?pic.twitter.com/W9LFn3TJLz
— juan (@juansusanto) September 12, 2021
Атмосферата уште повеќе ја зовреа тренерот на Лацио, Маурицио Сари кој влета на теренот. Секако дека имаше што да му каже на главниот судија кој му покажа и директен црвен картон поради неговите коментари.

Но, тоа не беше се, бидејќи Сари вербално се конфонтираше и со Ибрахимовиќ. Сепак, на крајот, мешаницата успеја да ја смират останатите играчи и членови на тимовите.