Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хит на интернет, како изгледа навивач на Интер кога ќе се погледне во огледало

Кога ќе помине коронакризата, на крајот на годината може да се организира натпревар за најдобрите снимени видеа за време на карантинот, односно самоизолацијата. Сигурно дека изборот ќе биде тежок. Но, хит на интернет во изминатите неколку часа е ова видео кое го направил еден италијанец, кој покажува како изгледа навивач на Интер кога ќе се погледне во огледало.

Секако ова алудира на прекинатото првенство во Италија, дербито на Италија секако, пред кое Интер беше прв, а сега е трет. Се појавија информации дека предлогот е да се прекине сезоната и титулата да му се даде на Јувентус, кој во моментов е лидер.