Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Холаѓаните со велосипеди дојдоа на тренинг пред Македонија

На Интернет се појавија љубопитни снимки од холандската фудбалска репрезентација, на кои се гледа како се упатуваат кон арената Јохан Кројф на последниот тренинг пред дуелот со Македонија. На аплауз на навивачите, „лалињата“ се движат на тркала.

Другите снимки докажуваат дека ова е вообичаен транспорт за холандските фудбалери.

Велосипедизмот е вообичаен спорт и начин на движење во Холандија, при што 36% од населението во земјата го идентификува велосипедот како возило што го користат секој ден. 45% од Холанѓаните користат автомобили, а 11% користат јавен превоз.

Владата ги охрабрува компаниите да им плаќаат на вработените да одат на работа со тркало, што е дел од националната иницијатива.

Холандија има околу 22,5 милиони велосипеди и население од нешто повеќе од 17 милиони.