Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хрватски хулигани правеа проблеми во Барселона, заедно со хулиганите на Бенфика влетаа во кафуле со најголемите навивачи на Барса

Во пресрет на натпреварот помеѓу Барселона и Бенфика од 5. коло од Лигата на шампионите, одигран синоќа (0:0) во близина на стадионот Ноу Камп се случи инцидент.

Според пишувањата на медиумите, хулигани од Хрватска и Португалија нападнале симпатизери на Барселона. Според видеата кои кружат на социјалните мрежи, хаосот го направиле навивачите на Хајдук од Сплит и Бенфика, кои заедно кршеле се пред себе. Тие упаднале во кафуле, каде настанала тепачка, но нема подетални информации. Каталонските медиуми тврдат дека полицијата успеала да спречи инцидент од поголеми размери.