Фудбал
ВИДЕО: И Барселона има свој Ериксен и Конте, Куман почна да го понижува фудбалерот
Оние кои се добро упатени во настаните од Серие А, знаат дека Кристијан Ериксен е во немилост на тренерот на Интер, Антонио Конте. Дури италијанските медиуми пишуваа дека Конте почнал да го понижува Данецот со тоа што во игра го внесува во буквално последните две до три минути од мечевите.
Но, ваков случај има и во Барселона. Имено, Миралем Пјаниќ кој пристигна од Јувентус пред почетокот на оваа сезона го доживува она што Ериксен го доживува во Интер. Последен таков случај беше на мечот со Валенсија.
Пјаниќ во игра влезе во 86-тата минута. Требаше играчот за врска порано да влезе во игра, односно во 73-та минута, во Куман во последен момент се предомисли и го врати на клупата за резервни фудбалери.
Поради тоа почнаа шпекулациите дека по само шест месеци, односно во јануари можно е Пјаниќ да побара од раководството да биде пратен на позајмица во друг клуб или да биде продаден.
— Andy {?} (@Elprofesorfcb) December 19, 2020