Фудбал
ВИДЕО: И Халанд може да му позавиди, Хумелс го постигна еден од најубавите голови во кариерата
Борусија Дортмунд во Билефелд стигна ослабена, особено поради тоа што Ерлинг Халанд повторно има проблеми со повредата. Меѓутоа, очигледно тоа не им пречеше многу на гостите, кои славеа со 3:1 против Арминија. Чан, Билингам и Хумелс беа стрелци на головите, а особено прекрасен беше оној на дефанзивецот Хумелс, на кој може да му позавиди и Халанд. Клос во 87-та минута успеа само да го ублажи поразот.
Баерн е лидер во Германија со 22 бодови, додека Борусија Дортмунд е втора со еден бод помалку. Со само пет освоени бодови Арминија Билефелд е на претпоследното место.
СИТЕ ГОЛОВИ ОД ДУЕЛОТ АРМИНИЈА – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 1-3