Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ибрахимовиќ во досега невидена ситуација, почнува туркање на теренот, инцидент, доаѓа Ибра и изненадување!

Златан Ибрахимовиќ го постигна својот 300. гол во петте лиги во кои играл и тоа на гостувањето против Удинезе.
Милан губеше до последните минути од натпреварот, кога Ибрахимовиќ акробатски во негов стил го израмни резултатот и донесе драма.
До крајот на натпреварот останаа уште неколку минути судиско продолжение, Росонерите се надеваа дека можат да направат целосен пресврт, но изостана победата.

Жестока конфронтација имаше и во судиското продолжение, кое не можеше да помине без интервенција на Ибрахимовиќ, кој во овој случај ја имаше улогата на „миротворец“.

Швеѓанецот е познат како личност која често учествува и предизвикува инциденти, но овој пат се случи спротивното, што е малку изненадување.
Кога почна пресметката, Ибрахимовиќ стоеше на центарот и виде дека работите излегуваат од контрола и мораше да интервенира.
Сепак, за разлика од претходните слични ситуации, Ибрахимовиќ беше тој кој ги смири страстите, го издвои противничкиот фудбалер, малку поразговара со него и Бразилецот се оддалечи од местото на настанот.