Фудбал
ВИДЕО: Играчот на Пушкаш добива честитки: Постигна гол од слободен удар од преку 60 метри
Фудбалерите на Пушкаш Академија, на домашен терен го совладаа Ференцварош со 1:0 во рамки на 11. коло од унгарската ОТП Банк лига.
Иако публиката не виде многу возбудливи шанси на овој натпревар, сигурно ќе го памети долго време и тоа поради единствениот гол кој го видоа.
Иако беше постигнат семо еден погодок, навистина вредеше што публиката дојде на стадионот и го виде голот.
Стрелец беше Џонс Хегедус во 20. минута од натпреварот, а голот го постигна од својата половина. Можеме да кажеме дека овој гол во најмала рака ќе влезе во конкуренција за најдобар гол на сезоната во Унгарија.
Погледнете и самите: