Фудбал
ВИДЕО: Икарди го спаси ПСЖ, Рамос доби црвен картон на вториот меч, а потоа испрати порака
ПСЖ се спаси од пораз на гостувањето кај Лориен, претпоследниот тим на табелата. Поради жолти картони не играа Мбапе, Верати и уште неколку стандардни играчи, а поради повреда го немаше Нејмар. Спасител на ПСЖ беше Мауро Икарди кој постигна гол за 1:1 во 91.минуата.
Интересно е тоа што Серхио Рамос во игра влезе во 46-та минута, што за него беше ова втор меч. Сепак, не го одигра до крај бидејќи успеа да заработи два жолти картони, а потоа и исклучување.
По мечот порача: Денеска е нов ден за учење, утре е нов ден за подобрување. Секогаш гледаме напред.
Секако, ПСЖ и покрај овој кикс е далеку пред сите на првата позиција.