Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Има ли посилни од нас?! Фудбалер на Милан ги прозива конкурентите по победата од 3:2 против Аталанта

Милан игра добро во новата сезона од Серие А. Во моментов се на второто место на табелата со 19 бодови, два помалку од лидерот Наполи кој има максимален учинок. Синоќа Милан славеше со 3:2 на тешкото гостување кај Аталанта. Калабрија, кој го постигна водечкиот гол за Милан уште во првата минута со изјава по мечот ги испровоцира сите противници.

-Има многу силни екипи во Италија, но според мене, ние сме најдобрите, нема подобар од Милан во моментов, вели Калабрија.

Сега има репрезентативна пауза, а по неа Милан на домашен терен ја пречекува Верона.