Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Имаат уште едно полувреме – Ситуација што може да ги натера граѓаните да имаат немирни денови и ноќи

По првите 45 минути на „Сигнал Идуна Парк“, Манчестер Сити иима резултат со кој испаѓа од Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд има минимална предност, што им е доволна за пласман во полуфиналето.

Белингем ја затресе мрежата на „граѓаните“ во 15. минута и на возраст од 17 години и 289 дена стана најмладиот англиски стрелец во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

Граѓаните можеа да се вратат десет минути подоцна преку нивниот најдобар играч.

Кевин де Брујн шутира добро, но топката ја погоди пречката.

На лидерот на Премиер лигата му преостанува уште едно полувреме да се обиде да дојде до резултат со кој продолжува понатаму.