Фудбал
ВИДЕО: Инсиње не можеше да ги сопре солзите по поразот од Јувентус, чувствува вина!
Лоренцо Инсиње, еден од најдобрите фудбалери на Наполи, промаши пенал против Јувентус при 1:0 во корист за противникот на синоќешната пресметка во Суперкупот. На крајот „Старата дама“ славеше со 2:0 и го освои пехарот. Инсиње теренот го напушти со солзи во очите и не можеше да се контролира, чувствувајќи вина за промашениот пенал, кој сигурно ќе донесеше поинаков тек на мечот.
Сепак, тренерот Гатузо го тешеше.
-Боли кога го гледате како плаче, можеше да го постигне 100. гол и да го однесе мечот во прдолженија, но вакви работи се случуваат. И Марадона и Пеле промашувале пенали, изјави Гатузо кој порача дека ако некој е виновен за поразот, тогаш тоа е тој, а не Инсиње.