Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер „спиеше“ 45 минути, но потоа во игра влезе фантастичниот Џеко и го разбуди

Интер одигра две тотално различни полувремиња на гостувањето кај Сасуоло. Во првиот дел како да „спиеја“ фудбалерите на актуелниот првак. Нивната бледа игра ја искористи Сасуоло па поведе од пенал преку Берарди, откако Милан Шкринар направи прекршок за најстрога казна.

Во 57-та минута тренерот на Интер, Симоне Инзаги се одлучи да направи четири измени одеднаш. Во игра ги внесе Џеко, Дармијан, Димарко и Видал, а излегоа Демфрис, Чалханоглу, Бастони и Кореа. Ова беше навистина вистински потег во вистинско време. Само што влезе во игра, на асистенција на Перишиќ, Џеко постигна гол за 1:1. Во 78-та минута токму Џеко изнуди пенал, а сигурен реализатор беше Мартинез. Во 82-та минута Џеко уште еднаш ја затресе мрежата на Сасуоло, но голот беше поништен поради офсајт. Интер стигна со ова до значајни три бода преку пресврт, бидејќи сега следува репрезентативна пауза.

Интер е на второто место со 17 бодови, еден помалку од Наполи кој утре треба да го одигра својот меч против Фиорентина од 7.коло.