Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер во 90-та минута до победа, спасителот е Џеко

Интер ја совлада Венеција потешко од очекувањата со 2:1 и остана на лидерската позиција, сега со пет бодови предност во однос на Милан.

Венеција одлично го започна натпреварот и во 19. минута ги замолкна домашните навивачи кога Анри погоди за 1:0.

Сепак, Интер успеа да го израмни резултатот во самиот финиш на првото полувреме, а стрелец за 1:1 беше Барела.

Во вториот дел Интер напаѓаше со сите сили, додека Венеција успешно се бранеше и се чинеше дека ќе остане 1:1 до крајот.

Сепак, во 90. минута на сцена стапи Џеко, кој постигна одличен гол на асистенција на Дамфрис за 2:1 и голема ерупција од воодушевување кај навивачите на Интер.

Интер е лидер со 52 бодови, пет пред второпласираниот Милан кој утре игра дерби против Јувентус.