Фудбал
ВИДЕО: Избегната трагедија на вечерашниот натпревар Германија и Франција
Натпреварот помеѓу Франција и Германија беше прекинат на самиот почеток бидејќи дојде на стадионот неочекуван гостин.
Еден навивач со падобран влета на теренот и го привлече вниманието на јавноста. Човекот кој слета на тревникот на „Алијанц Арена“ имаше порака против нафтеното загадување на воздухот.
Германските медиуми јавуваат дека параглајдерот се заплеткал во дел од каблите од подвижните камери и со својот пад можеше да ја загрози безбедноста на дел од гледачите или актерите на теренот.
„АРД“ објави дека повреден бил и еден техничар за осветлување ангажиран на стадионот, па за него морала да интервенира и лекарска екипа.