Други спортови
ВИДЕО: Изолација на начин на Мек Грегор: Фрчат тупаници на сите страни
Како и остатокот од светот, ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор го поминува времето во изолација.
И покрај неговата голема сила и неверојатна борбена способност, Мек Грегор е свесен дека не би било мудро да се ризикува и да се излегува поради коронавирус, па затоа замина во изолација.
Но, и во изолација не му недостасува мотивација и желба да се бори. На Инстаграм тој објави видео каде се гледа како вежба и покажува колку е физички погоден.
„Јас не го правам ова заради пари! Имам доволно пари да живеам до крајот на животот, како и моите деца и генерациите по нив. Само сакам да се борам“, рече Мекгрегор.
Тој се очекува да се врати во Октагон на 11 јули, а негов следен ривал би можел да биде Џастин Гајети. Ирецот се врати во октагонот во јануари по година и пол и го победи Доналд Серон.