Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Извлечени групите за ракометната Суперлига, Пелистер и Вардар „ослободени“, ќе се приклучат во плејофот

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на групите за натпреварувачка сезона 2020/2021 за Супер Лига – Мажи.

Екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер поради настапот во Лигата на шампиони и СЕХА лигата се ослободени од првиот дел од сезоната и ќе се приклучат во плеј-офот.

Заедно со нив таму ќе учествуваат и најдобрите три екипи од секоја група.

Група А:

РК Струга
РК Јуниор К.В.
РК Астраион Хендбол
Голден Арт – КЛ7
ГРК Охрид
РК Радовиш
РК Пролет 62

Група Б:

РК Прилеп
РК Металург
РК Работнички
РК Младост Богданци
ГРК Тиквеш 2014
РК Бутел Скопје
РК Еурофарм Пелистер 2

Сезоната ќе почне со натпреварите од 1. коло кое е закажано за 12 и 13 септември.

Двојките се:

Група А

Јуниор Кисела Вода – Пролет 62
Астраион – Радовиш
Голден Арт КЛ7 – Охрид
Струга е слободна.

Група Б

Металург – Еурофарм Пелистер 2
Работнички – Бутел
Младост – Тиквеш
Прилеп е слободен.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама