Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Јокиќ и Денвер немоќни во Мемфис

Денвер на Никола Јокиќ продолжи со променлива форма и загуби на гости кај Мемфис (106-97).

Причината за поразот на Денвер може да се бара во играта на Јокиќ во последните 20 минути. Јокиќ е лидер на Денвер и очигледно кога не му оди, тимот нема план „б“. Србинот уфрли 23 поени, меѓутоа во последните 20 минути од мечот, односно точно 19 минути беше без ниту еден поени. Покрај 23 поени, Јокиќ додаде уште по седум асистенции и скокови.

РЕЗУЛТАТИ:

ЛА Клиперс – Оклахома 99:94
Шарлот – Кливленд 110:113
Индијана – Сан Антонио 131:118
Филаделфија – Портланд 113:103
Атланта – Вашингтон 118:111
Бостон – Чикаго 114:128
Њујорк – Торонто 104:113
Мемфис – Денвер 106:97
Минесота – Орландо 97:115