Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Јокиќ погоди за победа против Дончиќ и Маверикс

Уште една многу богата вечер е зад нас во најсилната кошаркарска лига на светот, при што најголемо внимание привлече натпреварот помеѓу Далас Маверикс и Денвер Нагетс, со тоа што гостите славеа победа со резултат 106:107.

Иако Маверикс имаше водство скоро цел натпревар, екипата на Колорадо ја однесе победата на крајот. Триумфот им го донесе брилијантниот Никола Јокиќ, кој беше незапирлив за Маверикс.

На две минути до крајот на натпреварот Далас имаше плус пет (106:101). Сепак, до крајот на играта, домаќините не успеаја да постигнат поени, а осум секунди пред да заврши натпреварот, Јокиќ постигна кош за победа.

Токму српскиот централен играч беше најефикасен поединец на натпреварот со 33 поени, седум асистенции и шест скокови. Од другата страна, најдобар беше Лука Дончиќ со 27 поени, 10 асистенции и девет скокови.

Резултати во НБА:

Бостон – Сан Антонио 114: 129
Кралота – Торонто 1101: 122 пп
Индијана – Мајами 108: 122
Орландо – Вашингтом 123: 89
Атланта – Хјустон 115: 122
Далас – Денвер 106: 107
Newу Орлеанс – Чикаго 123: 108
Јута – Newујорк 128: 104
Голден Стејт – Милвоки 98: 107