Фудбал
ВИДЕО: „Јорганџиите“ на плус четири од Реал, а седум од Барселона, но и два меча помалку
Атлетико Мадрид ја зголеми бодовната разлика во однос на Реал Мадрид и Барселона. По победата над Севиља со 2:0 сега тимот на Диего Симеоне има плус четири во однос на градскиот ривал, а плус седум во однос на Каталонците. Кореа во 17-та и Саул во 76-та минута беа стрелци за нова победа на Атлетико, 13-та во досегашниот тек од првенството, односно по 16 одиграни мечеви. Екипата на Симеоне има и два меча помалку бидејќи беа одложувани поради коронавирус.
Standings provided by SofaScore LiveScore