Фудбал
ВИДЕО: Јувентус победи со гол во 91 минута!
И додека во Лигата на шампионите Јувентус ги победува сите ривали во низа, во Серија А многу тешко игра. „Старата дама“ вечерва беше домаќин на незгодниот тим на Фиорентина, а на крајот дури во 91. минута го искористи играчот повеќе во поле и постигна гол вреден три бода.
Борбен натпревар преку 90 минути, неколку добри шанси, но мрежите главно мируваа. Во првиот дел ништо спектакуларно.
Во вториот дел, Мората и Киеза ги имаа најдобрите шанси за Јувентус, кои ја погоди гредата.
Од 73. минута Јувентус имаше играч повеќе бидејќи Миленковиќ доби втор жолт картон, а со играч помалку гостите од Фиренца ги запреа сите напади на неубедливиот тим на Макс Алегри, но потоа Квадрадо извонредно погоди од десната страна за огромно славје.
Очигледно е дека Јувентус е во криза откако си замина Кристијано Роналдо, а според моменталната ситуација на табелата е предалеку од борба за Скудетото, но Јувентус, како што покажа вечерашниот натпревар, никогаш не треба да биде отпишан.